Фото: Профимедиа

Совети од познатите психолози и мислители ќе ви помогнат да ја откриете вистинската смисла на животот

Од време на време, секој човек поставува тешко прашање: која е смислата на животот? Она што на една личност ѝ изгледа како апсолутна вредност кон која вреди да се стреми (на пример, големо семејство или успешна кариера), може да се покаже како целосно неинтересно за друга. Се чини дека не постои универзален рецепт за смислата на животот и дека таа е индивидуална за секого.

Ова го потврдуваат, на еден или друг начин, психолозите – а ние ви пренесуваме неколку живописни цитати за тоа како секој од нив ја гледа смислата на човековото постоење. Ова се осумте мисли на познатите психолози за смислата на животот:

  • „Животот – човечки, кучешки, бактериски – едноставно нема друго значење. Сами одлучувате која е смислата на вашиот живот и делумно тоа го контролирате.“ – Ноам Чомски
  • „Единствената цел на животот е самиот процес на постоење, односно вечната борба за опстанок.“ – Зигмунд Фројд
  • „Секој има свој посебен повик. Секој човек е незаменлив, а неговиот живот е единствен. Задачата на секој човек е исто толку уникатна колку и неговата способност да ја исполни.“ – Виктор Франкл
  • „Животот нема смисла, ќе морам сам да ја создадам!“ – Жан-Пол Сартр
  • „Целиот живот е потрага по убавина. Но, кога убавината ќе се најде внатре, потрагата завршува и започнува убавото патување.“ – Харшит Валија
  • „Недостатокот на смисла во животот игра клучна улога во појавата на неврозата. На крајот на краиштата, неврозата треба да се сфати како страдање на душата која не може да го најде своето значење.“ – Карл Јунг
  • „Животот нема смисла без меѓусебна зависност. Потребни сме си еден на друг и колку побрзо го сфатиме тоа, толку подобро ќе ни биде на сите.“ – Ерик Ериксон
  • „Смислата на животот е да го исполниш со смисла.“ – Виктор Франкл

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот