Инцидент на изрекувањето на пресудата на Мијалков: Службеник од УБК пробал да влезе со нож во судница
Слободен печат
Пред
Скопје, 26 февруари 2021 / Фото: Драган Митрески - СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
„Командир на Судска Полиција од Основен суд Скопје-1 пријавил дека во 09.40 часот во судот при рутински преглед кај В.В.(43) од Велес бил пронајден и одземен нож на расклопување. Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 80 од Законот за оружје“, соопштија од МВР.
Стануца збор за осудениот Владимир Варелов на рочиштето на кој му е изречена пресудата за случајот „Таргет-Тврдина“ а се обидел да внесе нож во судница.
Според Законот за оружје, Варелов може да биде парично казнет од 30.000 до 50.000 денари за носењето на ножот, но и со казна затвор до 90 дена. Исходот од постапката не е познат.
Инаку, Варелов е еден од службениците во УБК кој е осуден за масовното прислушување од 2008 до 2015 година. Тој доби условна казна, односно 2 години затвор ако во наредните пет години направи ново кривично дело.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Движењето ЗНАМ денешните избори ги оценува како „делумно фер и демократски“, а изборниот ден како релативно мирен. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Портпаролот на партијата Никола Мемов изјави дека оваа оценка се должи на две причини. – Прво, и покрај тоа што Изборниот законик предвидуваше медиумско претставување на политичките претставници, сепак имавме нерамноправна …
Денеска се емитува деветтата епизода од втората сезона на поткастот на „Слободен печат”. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Наш денешен гостин е наградуваниот македонски автомобилист Бранко Кипровски. Тој ни раскажува за состојбата со автомобилизмот во земјава, бројните трки во Англија, наградите и животот во Лондон. Кипровски ни раскажува и за неговото минато, како …