Случајот Арнаутовиќ: Расизам на терените и политизација на Евро 2020
Германските и австриските медиуми го анализираат испадот кој се случи на дуелот помеѓу Македонија и Австрија.
Австрискиот репрезентативец денеска заработи суспензија од еден натпревар поради навредите на национална и расна основа упатени кон Езџјан Алиоски на натпреварот од првото коло.
УЕФА ексресно реагираше по вчерашната пријава на ФФМ и денеска го суспендира на еден натпревар австрискиот репрезентативец, а целиот случај го анализираа и германските медиуми, пишува „Дојче Веле“.
„Сè уште има многу претпоставки за вистинската причина за целата возбуда. Што точно рече Австриецот Марко Арнаутовиќ по неговиот погодок против Северна Македонија за 3-1?
Тоа биле неколку ‘вжештени зборови во емоцијата на играта, за кои би сакал да се извинам’, според образложението на напаѓачот; ‘националистички изблик’, според мислењето на македонската фудбалска федерација. Во секој случај, очигледно беше толку несоодветно, што неговиот колега Давид Алаба беше принуден силно да го стисне Арнаутовиќ за вилицата”, пишува германскиот весник Зиддојче цајтунг, констатирајќи:
Официјално: Стигна казната од УЕФА за Арнаутовиќ за навредите кон Алиоски!
„Исправно е дека, по кратко одложување, надлежното тело на Европската фудбалска унија (УЕФА) сега ја презема работата во свои рацe. Но, избрзани пресуди се несоодветни, допрва треба да се разјасни дали зборовите на Арнаутовиќ биле националистички, расистички, навредливи или ништо од горенаведените. Но, кога фудбалската федерација на Северна Македонија формулираше официјална протестна нота до УЕФА и се пожали на ‘националистичка навреда’ од страна на поранешниот напаѓач на Вердер Бремен, причината автоматски го потенцира основниот тенор на турнирот: колку е политичко и политизирано ова Европско првенство“, истакнува весникот, кој меѓу примерите за засилена политизација на ЕУРО 2020, како на пример рускиот протест за амблемот на дресовите на Украина го наведува и примерот со протестот на Грција за македонските дресови.
Целиот текст може да го прочитате на следниот ЛИНК.