СЛУЧАЈНА НЕСРЕЌА ИЛИ ОБИД ЗА УБИСТВО? Ловец од Хрватска во глава застрелал колега

Фото: Профимедиа

Ловец (39) тешко го повредил свој колега (51) за време на лов во Горња Сливница во задарскиот регион. Двете лица заедно отишле во лов во неделата околу 12 часот, пренесува „24 сата“.

– Во тек е обработка на настаните со цел да се утврдат сите фактори и околности кои претходеле на настанот – велат од полицијата, што значи дека ќе се испитува дали ќе има кривична одговорност за помладиот ловец или станува збор за несреќен случај.

Двајцата ловци се пријатели кои доаѓаат од истото место. Повредениот ловец, како што неофиијално се дознава, погоден е со куршум во лицето. Се верува дека очите му останале неповредени, но дека има сериозна повреда на лицето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот