EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Словенечкиот судија кој им судеше на Ливерпул и на Сити уапсен за време на оргиите кај Тијана Ајфон

Криминалистиката полиција на Република Српска во соработка со колегите од Србија и Словенија изведе опсежна акција во која покрај старлетата Тијана Ајфон е уапсен, а потоа е пуштен и познатиот словенечки судија, Славко Винчиќ.

Винчиќ кој има значка на УЕФА е приведен заедно со уште 36 лица во близина на Бјелина, а на словенечките медиуми им признал дека бил на забава во која имало рација и поголемиот дел од гостите не ги познавал.

– По состанокот со деловните партнери бевме повикани на еден ранч да прославиме и гоприфативме повикот. Таму имаше 40-тина луѓе и речиси никого не познавав. По полициската рација бевме однесени на информативен разговор каде објаснив дека не познавам никого од тие луѓе по што ме пуштија и можев да се вратам дома во Словенија – изјави Винчиќ за словенечките медиуми.

Полицијата соопшти дека во акцијата „Кристал“ дека биле пронајдени и одземени 14 пакети кокаин, медицинска дрога, 10 пиштоли, три панцири, телефони, лаптопи за кое се сомнева дека припаѓаат на меѓународна криминална група, која се занимава со дрога и оружје .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот