СЛИКИ од тетовската болница предизвикаа бурни реакции: Подобро дома да се лекуваш отколку во болница да умираш!

„Инфективната болница во Тетово е за жалење – седум дена, како седум години’

Искуствата во болницата во Тетово, беа искуства што никогаш нема да ги заборавам во животот, пишува Руфије Ази во обемен фејсбук-статус, во кој тврди дека во тетовската болница се прекршуваат ковид-протоколите, како и дека поради несоодветна грижа во објектот, нејзиниот татко, а потоа и нејзината 70- годишна мајка се заразиле со ковид.

Прочитајте го нејзиното обраќање до јавноста:

„Го имав слушнато ова од многу луѓе, кои зборуваа: Не дај Боже да завршиш во болницата во Тетово, каде митото и корупцијата ве одржуваат во живот, кадешто дури и чистачот без да стави нешто во џеб, не ја отвора вратата, каде нечистотијата ја прави полоша состојбата…

Татко ми беше болен, му велат дека има настинка, по неколку дена состојбата му се влошува, лекарот го испраќа на тестови кадешто е пренесен во болница, зашто немал железо во крвта, и го задржува во болницата во инфективниот центар, каде сите пациенти во собата биле заразени со КОВИД 19.

По наше инсистирање, беше извршен тест за корона, на кој исто така излезе позитивен, се заразил…

Лекарите ни порачуваат дека некој треба да го придружува затоа што немале доволно медицински сестри, па нашата 70-годишната мајка беше принудена да остане со него, бидејќи сите живееме во странство.

По петтиот ден, јас и брат ми решивме да се вратиме во Тетово затоа што и мајка ми се разболе, и како да не се испоразболи во соба со 4 болни пациенти и четворица на посета, а само еден стол.

Имам еден апел до сите што ќе се заразат со корона: подобро дома да се лекуваш отколку во болница да умираш! Ако некој е против или не верува, имам толку докази, толку многу снимки, што ќе ги објавам јавно!, пишува револтираната Руфије, која во прилог објави фотографии од тековната состојба во која се наоѓа тетовската болница.

Портпаролот на тетовската болница д-р Гзим Нуредини во изјава за „Слободен печат“ вели дека е запознаен со обвинувањата од Руфије.

 

– Роднините на пациентот за кои зборувате, живеат во Швајцарија. Условите во тетовската болница не се како во Швајцарија, но тие се такви какви што се, но не се како што напиша таа. Ковид центарот третира само пациенти кои се заразени со ковид, но за време на хоспитализацијата на крајот може да бидат негативни во рок од две недели. Посетите се дозволени само со следење на протоколите, во спротивно нема посети. Постојат простории каде што има само еден пациент, но има и по двајца, условите и хигиената се такви какви што се, исти за сите. Посетата не е дозволена, а ние го негираме тврдењето на пациентот дека имало четири пациенти и четири члена на семејството во една просторија. Таа е многу добро услужена, дури и подобро од другите, вели д-р Нуредини.

За разлика од тетовската болница, на скопските клиники и ковид центрите посетите по соби од секаков тип се најстрого забранети, а за пациентите се носат потребни работи само преку помошниот медицински персонал.

Во продолжение, погледнете ги фотографиите што ги сподели Руфије со македонската јавност:

Фото: Руфије Ази
Фото: Руфије Ази

Фото: Руфије Ази

Фото: Руфије Ази
Фото: Руфије Ази
Фото: Руфије Ази
Фото: Руфије Ази

Фото: Руфије Ази
Фото: Руфије Ази
Фото: Руфије Ази
Фото: Руфије Ази
Фото: Руфије Ази
Фото: Руфије Ази
Фото: Руфије Ази

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот