Славни личности кои веруваат во духови
„Би биле многу глупави доколку веруваме дека ние сме единствените тука“ – така мислат следните славни личности.
Иако не секој од нас имал директно искуство да се сретне со некој од „нив“, тука се славните личности да ни раскажат. Не само што не можете да ги разубедите овие славни личности дека тие постојат, тие и не се двоумат да ја раскажат сопствената приказната јавно.
View this post on Instagram
Кристен Стујарт зборува со духови
„Ако сум во некој мал, чуден град, и работам на филм, и јас сум во чуден стан, јас буквално ќе бидам „Не, ве молам, не можам да се справам. Некој друг, но тоа не може да сум јас“. Кој знае што се духови, но има енергија на која јас сум навистина чувствителна. Не само со духови, туку и со луѓе. Луѓето ги флекаат собите постојано“, изјави Кристен во интервју за „Vanity Fair“ во 2019 година.
View this post on Instagram
Кијану Ривс видел дух во Њујорк
Ѕвездата од серијалот „Матрикс“ изјави дека бил шест- или седум-годишен кога ја имал средбата со духот.
„Имаше врата и одеднаш гледаме натаму и една јакна почна да се ниша низ вратата, само празна јакна. Нема глава, нема тело, нема нозе, само е таму. И тогаш ја снемува. Бев мало дете и си помислив „ОК, ова е интересно“ и тогаш ја погледнав мојата негувателка и таа беше вака (отворена уста). И јас си реков „о, вау, значи ова беше вистинско““, изјави Ривс на интервјуто за Џими Кимел на мрежата „ABC“ во 2014 година.
View this post on Instagram
Ѕвездата од „Ghostbusters“ Мелиса МекКарти сретнала духови повеќе од еднаш
МекКарти ѝ кажа на Елен ДеЏенерис дека нејзината прабаба живеела со нејзиното семејство и три недели откако починала актерката „ја видела, едноставно целосно стоејќи таму, во истиот домашен фустан и престилка кои секогаш ги носела“
Таа изјави и дека имала и друго паранормално искуство кога се вселила во куќа во Колорадо со нејзината сестра и видела мистериозна сила како повторувачќи ја треска вратата од кујната.
View this post on Instagram
Мајли Сајрус престојувала во стан во Лондон кој бил опседнат
„Сериозно, тоа беше толку страшно“, изјави во 2013 година Сајрус за „Elle UK“.
Искуството го објаснува до детали во зградата, која претходно била „стара пекара“.
Меѓу другото Мајли се присетува и за ситуација кога регулаторот за вода се вртел кон опасно жешка, додека помладата сестра Ноа Сајрус била веќе внатре.
„Копчето се имаше поместено, но таа го немаше поместено самата, и ја гореше неа“, се присетува таа.
View this post on Instagram
Мајли исто така видела и „мало момче кое седело на мијалникот и ја гледало додека се тушира“, што целосно ја испаничило, но тоа не биле единствените искуства.
„Лиам (Хемсворт) имаше искуство, мојата мајка имаше искуство, ние ссите ги имавме тие луди искуства и беше застрашувачки“
View this post on Instagram
Аријана Гранде имала „искуство со дух/демон“
„Би биле многу глупави доколку веруваме дека ние сме единствените луѓе тука“, има изјавено Аријана во 2013 година.
Гранде имала искуствно кога се упатила кон гробиштата „Stull“, кои се познати како една од седумте порти кон пеколот на Земјата, но си отишла затоа што започнале да се случуваат чудни работи.
View this post on Instagram
„Почувствував едно болно, исполнувачко чувство на негативност над целиот автомобил и мирисавме сулфур, што е знак на демон, и сосема рандом имаше мува во автомобилот, што е друг знак на демон“
Аријана вели дека имала цел фолдер со фотографии наречен „Демомни“, но откако започнале да ѝ се случуваат чудни нешта го избришала целосно.
View this post on Instagram
Ријана избегнува место во Калифорнија бидејќи „се плаши од духови“
Во насловно интервју за магазинот „Rolling Stone“ Ријана изјави дека не оди на местото „Chateau Marmont“.
„Можеш да го почувствуваш човеку, тоа е позајмено место“
View this post on Instagram