Скопските средни училишта ќе ги отворат вратите за студиските програми на универзитетите и факултетите

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Секторот за образование на Град Скопје информира дека ги почна активностите за реализација на проектот „Училиштата на Градот Скопје со отворени врати за универзитетите и факултетите за промоција на нивните студиски програми”.

Како што посочуваат од Град Скопје, со реализацијата на овој проект сакаат да им помогнат на матурантите во професионалното определување и изборот на студиските програми со кои ќе ги стекнат посакуваните стручни компетенции.

– Проектот овозможува поврзување и структурирана комуникација помеѓу универзитетите и средните училишта, во училиштен амбиент или со онлајн комуникација, приспособена на здравствената криза, да се понудат одговори на голем број прашања кои ги поставуваат учениците. Согласно со заложбите на Секторот за образование за континуирано унапредување на квалитетот на образовните услуги, на овој начин на учениците ќе им се овозможи полесно да донесат одлука при изборот на својата професија и да направат дистинкција помеѓу изборот и можностите, се вели во соопштението на Град Скопје.

Оттаму информираат дека до сите државни и приватни универзитети и факултети е испратена официјална покана за да го потврдат својот интерес на мејл до 28 февруари 2022 година и по добиените пријави ќе се изготви план со термини за секој универзитет и факултет поединечно за презентација во средните училишта. Термините за презентација на универзитетите и на факултетите со промоција на нивните студиски програми ќе се одвиваат во текот на март.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот