Ѓубре за време на локални избори 22,10,2025 - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Ѓубре за време на локални избори 22,10,2025 - Фото Слободен печат - Методи Здравев

Скопските комуналци лани собрале речиси 22.000 кубни метри отпад од дивите депонии низ градот

Од ЈП „Комунална хигиена-Скопје“ посочија дека претпријатието нема ингеренции на терен да ги санкционира прекршителите на Законот за јавна чистота и токму поради тие причини апелираа што поскоро на сила да стапи Закон за формирање комунална полиција.

Од ЈП „Комунална хигиена“ информираат дека во текот на минатата година, комуналците подигнале и транспортирале вкупно 21.995 кубни метри отпад од стотици диви депонии лоцирани во сите скопски општини. Од нив, најголемо количество непрописно одложен отпад е отстрането во скопските општини Центар и Чаир.

„Екипите на претпријатието речиси секојдневно интервенираа на неколку локации каде што се одлага отпад на јавни и на сообраќајни површини, најчесто на  булеварот Никола Карев (Пластичарска улица), на аголот со улицата Максут Садик, веднаш крај детското игралиште, каде што континуирано се отстрануваа големи количества непрописно одложен кабаст, градежен и мешан комунален отпад“, велат од „Комунална хигиена“.

Исто така, Еко-патролата на претпријатието лани врачила 607 записници за лица и правни субјекти затекнати при непрописно одлагање отпад, од кои најголем број записници – вкупно 227, се изготвени во скопската општина Чаир.

Оттаму посочија дека претпријатието нема ингеренции на терен да ги санкционира прекршителите на Законот за јавна чистота и токму поради тие причини апелираат што поскоро на сила да стапи Закон за формирање комунална полиција, кој според нив, е најефикасен начин за превенција на загадувањето на животната средина и заштитата на јавното здравје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот