Скопската Зоолошка градина ги отвори вратите за посетителите (ГАЛЕРИЈА)

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Од денеска вратите на скопската Зоолошка градина повторно се отворени за посетителите.

По неколкуте претходни најави, Скопје ЗОО конечно започна повторно со работа,а поради ситуацијата со коронавируот и овде важат посебни правила и прописи за однесување.

Посетителите при влез во ЗОО Скопје ќе треба да носат маска, а ред ќе се чека на дистанца од 1,5 метри, што уредно е одбележано на самиот влез.  Строго е забрането хранење и доближување до животните.

Отпадоците мора да се фрлаат во корпите. Не смеат да се употребуваат летниковците и детските игралишта.

Од Зоолошката исто така информираат дека бројот на посетители во даден момент е ограничен, со цел да се избегне создавањето на големи гужви.

[foogallery id=”268159″]

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот