Скопје под облаци, попладне ќе врне

Во Скопје ќе биде променливо облачно, а попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Од пладневните часови ќе има повремен локален дожд и услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, а попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во текот на седмицава ќе преовладува променливо облачно и посвежо време. До среда ќе има локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни и ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од четврток и во деновите потоа ќе има стабилизирање на времето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот