Скопје е домаќин на три меѓународни тениски ИТФ турнири

Ова лето во Скопје сè ќе биде во духот на тенисот/Фото: mtftennis.mk

Во Скопје месеците јуни и јули ќе бидат во знакот на професионалниот тенис. Над 100 професионални тенисери од целиот свет, ќе учествуваат на три интернационални ИТФ тениски натпревари кои ќе се одржат во нашиот главен град, а во организација на Тениската Федерација на Република Северна Македонија.

Федерацијата ќе биде организатор на професионален турнир за мажи со награден фонд од 25.000 долари во период од 6-12.06.2022 ITF MEN’S WORLD TENNIS TOURS M25 – Скопје.

Ќе се организира професионален турнир за мажи со награден фонд од 15.000 долари во период од 13-19.06.2022., ITF MEN’S WORLD TENNIS TOURS M15 – Скопје.

Исто така во период од 4-10 јули ќе се одржи и Светското екипно првенство за жени (Billie Jean King Cup), за регион Европа и Африка, група 3.

Мечевите ќе се одржуваат во Тениски Клуб „Југ“, Скопје, ќе се пренесуваат онлајн, додека полуфиналните и финалните натпревари ќе се емитуваат на МРТВ 3.

– Тенисот е во подем во нашата земја. Се поголем е бројот на деца кои тренираат и кои професионално се натпреваруваат во младинските категории, а дел од нив веќе имаат и интернационални успеси. Токму овие турнири во организација на Тениската Федерација на Република Северна Македонија имаат за цел популаризација на тенисот и што помасовно негово практикување – информираат од федерацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот