Фото: rawpixel.com / CC0

Скопјанец лажел жена дека е лекар од Италија — барал 35.000 евра „за да ја оперира ќерка ѝ“

Скопјанец се обидел да измами повозрасна жена за 35.000 евра, откако по телефон ја излажал дека е доктор од Италија и дека ќерка ѝ мора да се оперира за скршеници на вилицата и на ногата.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека 45-годишниот осомничен, со иницијали Н.Д., вчера бил уапсен, откако жртвата го пријавила.

„Претходно, на повозрасна жена од Крива Паланка едно лице ѝ се јавило телефонски, се претставило како лекар од Италија и ја известил дека нејзината ќерка паднала во Италија и се здобила со повеќе кршеници на нога и вилица и дека ќе треба даде 35.000 евра за да ѝ биде направена операција. Бидејќи немала толку пари се договорила со него да ги даде сите пари што ги има дома, но во меѓувреме се јавила на зет ѝ кој ја советувал да се јави на полиција, по што полициски службеници го затекнале лицето и го лишиле од слобода во близина на нејзиниот дом“, информираат од МВР.

Осомничениот бил задржан во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, се додава во соопштението.

Лажен лекар од Словенија измамил 86-годишна жена од Виница за 30.000 евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот