Скопјанец лажел жена дека е лекар од Италија — барал 35.000 евра „за да ја оперира ќерка ѝ“
Скопјанец се обидел да измами повозрасна жена за 35.000 евра, откако по телефон ја излажал дека е доктор од Италија и дека ќерка ѝ мора да се оперира за скршеници на вилицата и на ногата. Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека 45-годишниот осомничен, со иницијали Н.Д., вчера бил уапсен, откако жртвата го пријавила. „Претходно, …

