Полиција / илустрација

Скопјанец ги заклучил во тоалет сопругата и четирите деца, после и ги избркал од дома

Ново семејно насилство, во кое се вклучени и деца. Повторно сопруг-насилник малтретирал жена и деца.

31-годишна жена пријавила дека била нападната од сопругот, дека заедно со нивните деца ја заклучил во тоалетот, како и дека на крајот ги избркал од дома, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„На 02.04.2026 година околу 18:42 часот, сопругот ја заклучил во тоалетот во нивниот дом, а по извесно време и физички ја нападнал, по што ја избркал од домот. Жената навела дека и нивните четири малолетни деца биле заклучени во тоалетот. Според пријавата подолг период била изложена на физичко и психичко малтретирање, но досега не го пријавувала случајот во полиција“ соопшти МВР.

„Врати ме на работа или дај 5.000 евра“ – поранешна вработена со фотографии уценувала газда на кафеана

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот