Фото: илустрација / Слободаен печат / Драган Митрески

„Врати ме на работа или дај 5.000 евра“ – поранешна вработена со фотографии уценувала газда на кафеана

Поранешна вработена во ресторан во Куманово му барала на сопственикот да ја врати на работа или да ѝ плати 5.000 евра, а во спротивно му се заканила дека ќе објави фотографии од несоодветно ракување со храната во објектот, соопшти МВР.

Според информациите, нејзе во уцената ѝ помагало и друго лице.

„СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Т.(40) и М.Д.(43), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“. На 07.02.2026, првопријавената, поранешна вработена во угостителски објект во Куманово, го уценувала сопственикот дека ако не ја врати на работа или не ѝ даде 5.000 евра, на социјална мрежа ќе објави фотографии како доказ за несоодветно ракување со храната во објектот, со цел создавање негативна слика за угостителскиот објект. Во извршување на делото ѝ помагал второпријавениот“, соопшти МВР.

Жител на Чегране уценувал човек од тетовско село со снимка, барал 5.000 евра – Слободен печат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот