Скарлет Јохансон го тужи „Дизни“ за стриминг на „Црната вдовица“

Profimedia
Фото: Profimedia

Актерката Скарлет Јохансон поднесе тужба во судот во Лос Анџелес против „Дизни“. Имено, таа ќе тужи за прекршување на договорот бидејќи  филмот „Црната вдовица“ бил објавен и на стриминг платформата  „Дизни+“, пренесува „The Wall Street Journal“.

Филмот бил објавен истовремено на сервисот за гледање на интернет и во кино салите, а во тужбата се наведува дека станува збор за директно кршење на договорот помеѓу ѕвездата и компанијата. Јохансон вели дека во договорот, нејзината исплата била поврзана исклучиво со прикажување на филмот во кино салите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Black Widow (@black.widow)

„Дизни“ одговорил во четвртокот велејќи дека „нема никаква подлога за ова поднесување“ и дека тужбата е „особено тажна и вознемирувачка во нејзиното неумесно игнорирање на ужасните и продолжени глобални ефекти на пандемијата“.

„Дизни“ целосно го испочитува договорот на г -ѓа Јохансон и исто така, објавувањето на „Црната вдовица“ на „Дизни+“ со „Премиер“ пристап значително ја зголеми нејзината способност да заработи дополнителен надоместок, покрај 20-те милиони долари што ги добила до сега“, изјави портпаролот на „Дизни“.

Филмот „Црната вдовица“ излезе на 9 јули и многу брзо заработи 80 милиони долари само во американските кина и уште 60 милиони долари на глобално ниво, благодарение на стриминг услугата „Дизни +“. После тоа, успехот на филмот донекаде ослабна, досега вкупната глобална заработка на филмот е околу 318 милиони долари, што не е преголем успех за филм на „Марвел“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот