Скандал во Турција: На Бали Бег му се закануваат четири години затвор!

Profimedia

На турскиот актер Бурак Озџивит, кој на домашната публика ѝ е попознат како Бали Бег му се заканува затворска казна до четири години.

Имено, еден од најпопуларните турски актери би можел да заврши во затвор, и тоа поради навреда на честа, пренесува НТВ.

Доколку биде обвинет, тој се соочува со четири години зад решетки. Но, последниот збор ќе го даде Третиот суд во округот Беикоз во Истанбул.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Burak Özçivit (@burakozcivit)

Актерот бил виновникот за инцидентот што се случи минатиот декември на снимањето на серијата „Курулус Осман“. Сценографот и уште тројца членови на тимот го тужеле за навреда на честа. Во соопштението доставено до судот се наведува дека актерот среде снимањето излегол од шаторот и почнал да ги навредува и да ги нарекува со погрдни имиња, што можат да го потврдат повеќе сведоци.

Меѓутоа, Бурак Озџивит ги негирал обвинувањата.

Медиумите наведуваат дека учесниците во инцидентот се обиделе мирно да го решат проблемот, но не постигнале договор. Озџивит во наредните денови ќе даде изјава пред судија.

Инаку, Озџивит е еден од најпознатите актери во Турција, а во брак е со убавата актерка Фахрие Евџен, кај најпозната по улогата на Неџла во серијата „Кога лисјата паѓаат“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fahriye Evcen Özçivit (@evcenf)

Бурак и Фахрие го имаат синот Каран, а познати се по тоа дека својот приватен живот од кријат од очите на јавноста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fahriye Evcen Özçivit (@evcenf)

Видео на денот