Скандал во Србија: Наместен натпревар? Реагира и УЕФА! (ВИДЕО)

prvaliga.rs

Имено, УЕФА пред неколку дена испрати писмо на адреса на српската фудбалска федерација во која покажаа сомнение во регуларноста на натпреварот од Првата лига помеѓу Смедерево и Кабел Нови Сад.

Овој меч заврши со победа на домашната екипа со 2:1, иако после првото полувреме водеше гостинот со 0:1.

Европската фудбалска куќа (УЕФА) ја извести српската федерација откако ги следеа уплатите на обложувалниците.

УЕФА се сомнева дека овој натпревар е наместен, бидејќи многумина типуваа „два во еден“, дека гостинот ќе води по првите 45 минути, а во вторите ќе се случи пресврт.

Јасно порачаа до српската федерација подетално да го истражува овој меч и да ги казни одговорните лица. Од Смедерево испорачаа дека нивниот клуб заслужено триумфирал и дека се неосновани обвинувањата дека дуелот е наместен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот