СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА ЗАРАДИ ОСИРОМАШЕНИОТ УРАНИУМ ФРЛЕН НАД СРБИЈА: Војниците бараат оштета!

фото Архива

Поранешни германски војници поднеле барање за оштета заради изложување на осиромашен ураниум кој е користен во војните на Балканот и во Ирак, поради што фракцијата Алтернатива за Германија во Бундестагот побарала мислење од германската влада.

Порталот „Т-онлајн“ наведува дека околу 220 војници побарале оштета бидејќи биле изложени на ураниум, а сега повторно се актуелизирала расправата за тоа колку споменатата муниција е штетна за здравјето, пренесуваат белградските медиуми.

„Студија на светската здравствена организације и Меѓународната организација за атомска енергија го негираат постоењето на било каков ризик, додека Меѓународна организација на лекари против атомско оружје изјавило дека постојат пропусти во објавените студии и поради тоа повикуваат на превентивна забрана за користење на овој тип на муниција додека точно не се утврдат долгорочните ефекти”, пишува овој портал.

Германската влада како одговор на 12-ти август изјавила дека барањата од оваа студија биле одбиени поради, како што се истакнува, недостаток на докази дека германските војници претрпеле било какви здравствени последици од контактот со овој тип на муниција, која била користена за уништавање на оклопни возила.

И Австријската армија објавила студија за влијанието на осиромашениот ураниум. Како што изјавиле, опасноста може да настапи поради хемиските карактеристики на овој материјал, и тоа само кога се внесува во организмот во големи количини.

„Може да се заклучи дека директно вдишување на овие супстанции на подрачја каде се одвиваат воени дејствија, може да представува опасност за здравјето луѓето. Сепак, долгорочен директен контакт со осиромашен ураниум, како делови од муниција, би требало да се избегнуваат”, изјавиле тие.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот