Скандал: По елиминацијата на ЦСКА, хулигани го претепале најдобриот кошаркар во тимот на Рајковиќ!

Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Eден од најдобрите кошаркари во Европа, Алексеј Швед завршил во болница откако го нападнале хулигани во Москва.

Информацијата која беше објавена од руските медиуми ја потврди ЦСКА Москва со официјално соопштение. Причината за нападот кон Швед како што се наведува била елиминацијата на трофејниот клуб во полуфиналната серија од ВТБ лигата против Локомотив Кубањ.

Полицијата веднаш отворила истрага по напаѓачите, а според информациите на дел од медиумите Швед се здобил со сериозни повреди, наводно станува збор за скршеници на черепот.

Алексеј во декември ќе наполни 35 години, а во кариерата играше за повеќе клубови, еден период помина и во НБА (Минесота Филаделфија, Хјустон и Њујорк). Шест сезони го носеше дресот на Химки од каде што се врати во ЦСКА каде и што ја започна кариерата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот