Сити ја отвори вратата за Меси: Ние сме подготвени, сè зависи од него!
Лионел Меси ова лето објави дека сака да го напушти „Камп Ноу“, подоцна се предомисли, односно не сака да оди на суд со Барселона поради обесштетување.
Препорачано
Досега имаше само шпекулации, а сега е и официјално – доколку Аргентинецот навистина одлучи да се раздели со Барса, Манчестер сити веднаш ќе се обиде да го ангажира.
Ова го најави Омар Берада, шефот на фудбалските операции во англискиот клуб. Договорот на Меси со каталонската екипа истекува наредното лето:
– Сè зависи од него – доколку тој сака да замине, ние сме тука. Дефинитивно ќе се обидеме. Фактот што Сити беше спомнат како клуб достоен за Меси зборува за тоа колку сме направиле во изминатите години и што станавме во светот на фудбалот. Не е мала работа кога се зборува дека сме вистинскиот избор за најдобриот играч на светот – рече Берада.
Моментно според „Трансфермаркт“ Меси вреди 100 милиони евра, досега во новата сезона од „Ла Лига“ има три настапи за Барселона, со еден гол во домашниот триумф над Виљареал (4:0).
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
20мин
-
33мин
-
1час
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


