Почнува судењето за пожарот во „Пулс“ / Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ

Синот на Деко бил во тешка психичка состојба – во пожарот во „Пулс“ загинала и неговата девојка

Михајло Јованов, синот на сопственикот на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов – Деко, во воведниот говор изрази сочувство за жртвите од трагедијата, а неговата адвокатка кажа дека тој немал никаква врска со управувањето на дискотеката и фирмите кои управувале со дискотеката.

Одбраната на Деко вината за трагедијата ја префрла на групата ДНК и на институциите кои не го проверувале – не знаел дека групата ќе има пиротехничко шоу

Кажа дека со ова обвинение неговата здравствена и психолошка состојба се влошила откако претходно се здобил со изгореници од трет степен. Во несреќата ја изгубил својата девојка со која бил во врска десет години и својот најдобар другар.

Газдата на „Пулс“ се расплака во судница: Од срце и душа им изразувам сочувство на блиските на починатите и ние имаме и починат и повреден во семејството

Имал суицидни мисли, а како што кажа адвокатката Ивана Коцевска тој имал своја фирма за дистрибуција и учел факултет и дека никако не бил поврзан со управувањето на дискотеката.

Ниту еден од обвинетите за трагедијата во Кочани не чувствува вина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот