Почнува судењето за пожарот во „Пулс“ / Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ

Газдата на „Пулс“ се расплака во судница: Од срце и душа им изразувам сочувство на блиските на починатите и ние имаме и починат и повреден во семејството

Сопственикот на дискотеката Дејан Јованов Деко во воведниот говор се расплака пред судот и им изрази сочувство на блиските на загинатите.

-Од срце и душа изразувам сочувство затоа што ја знам нивната болка и тага. И во нашата фамилија имаме починат член и повреден член и ја носиме истата болка како што вие ја носите – рече Деко низ солзи.

Тврди дека сите овие години се грижел за безбедноста во клубот.

-До ден денес се чудам и сè уште не можам да поверувам што се случи таа вечер. Затворен сум во четири ѕида и цело време ја преживувам таа трагична ноќ. Не можам да поверувам што се случи. Јас како човек и родител во клубот каде што се собираа сите млади и моите деца не сум бил способен ако нешто фали да не би преземам, се да се отклони на време. Не ми е јасно зошто Михајло е обвинет немаше никакви допирни точки со работата на клубот. Беше нормален гостин како сите – рече Јованов.

Ниту еден од обвинетите за трагедијата во Кочани не чувствува вина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот