Одбраната на Деко вината за трагедијата ја префрла на групата ДНК и на институциите кои не го проверувале – не знаел дека групата ќе има пиротехничко шоу
Одбраната на Дејан Јованов – Деко, газдата на дискотеката „Пулс“, каде загинаа 63 млади луѓе, вината за кочанската трагедија ја префрла на членови на групата ДНК, кои и сами беа жртви на пожарот и на институциите кои не го проверувале.
Препорачано
Неговата адвокатка Ивана Коцевска во воведниот говор рече дека тој е обичен човек, а не монструм „на кого му паднал товарот на институционалната неодговорност“.
Од она што можеше да се слушне од нејзиното излагање, човекот во чија сопственост е „Пулс“, каде институциите најдоа низа неправилности и каде се случи најголемата трагедија, наводно не знаел дека групата ДНК ќе има пиротехничко шоу, а не бил ни свесен за пропустите во своето работење затоа што ниту една институција не му посочила дека има пропусти во работењето. Двајцата членови од ДНК кои беа дел од обвинението за нелегалната пиротехника веќе се мртви.
-Јасно ми е дека тој е прв, но тука е друго прашање, причината за настанување на пожарот е незаконитата употреба на пиротехниката која била незаконито пријавена прибавена без дозвола од МВР, а употребата и не била пријавена кај угостителот. Музичката група ДНК самоиницијативно и самоволно ја донел пиротехниката – рече Коцевска која вели дека било прашање на време кога и каде ќе се случи ваква трагедија.
Газдата на „Пулс“: Не чувствувам вина за овие кривични дела што ми се ставаат на товар
Тие нашле и доказ дека групата и претходно настапувала со незаконска пиротехника и во други локали, а претходните факели кои се палеле во дискотеката Јованов ги спроведувал со професионален пиротехничар.
Таа тврди дека Јованов немал умисла и не бил свесен дека работи незаконски од 2012 наваму, имал само неколку прекршоци за малолетници за кои си плаќал казни.
Вели дека е обвинет за две кривични дела за обвинителството да покаже репресивност а обвинението го нарече обвинение под политички влијанија и небулозно.
Ниту еден од обвинетите за трагедијата во Кочани не чувствува вина


