Дејан Јованов-Деко, на рочиште, 19 ноември 2025 г. / Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Газдата на „Пулс“: Не чувствувам вина за овие кривични дела што ми се ставаат на товар

Обвинетиот газда на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов – Деко на денешното рочиште изјави дека не чувствува вина за кривичните дела што му се ставаат на товар. Вина не чувствуваат ниту другите обвинети за пожарот во дискотеката.

За трагедијата обвинети се 35 физички и три правни лица, а меѓу првообвинетите се Јованов, неговиот син, брат, но и поранешни градоначалници на Кочани, министри и директори.

Тринаесет телефони и еден лаптоп најдени во ќелијата на еден од обвинетите за „Пулс“

На 16 март годинава за време на настап на групата „ДНК“ во дискотеката „Пулс“ во Кочани, избувна пожар во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Во објектот имало над дозволениот број посетители, меѓу кои и малолетници, а пиротехнички средства биле активирани без дозвола. Објектот работел незаконски повеќе од една деценија, без минимално-технички услови, со реконструкции без дозволи и без систем за противпожарна заштита.

Трагедијата, според Обвинителството, е резултат на систематска негрижа и игнорирање на безбедносните закани: дискотеката функционирала без противпожарен систем, со затворени прозорци, лесно запаливи и токсични материјали и само еден излез за евакуација, додека во критичната вечер бил дозволен неконтролиран влез на над 600 гости, меѓу кои и деца по полноќ, без проверки за опасни средства.

Настапот на групата ДНК бил претходно договорен со употреба на пиротехника, а вградените материјали – особено сунѓерот на плафонот – при согорување ослободиле смртоносни гасови, што во услови на недоволни излези довело до загуба на млади животи и катастрофални последици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот