Трето рочиште за „Пулс“ / Фото: Слободен печат

Тринаесет телефони и еден лаптоп најдени во ќелијата на еден од обвинетите за „Пулс“

Тринаесет телефони и еден лаптоп биле најдени во ќелијата во затворот во Шутка кај обвинетиот Џеваир Камбери, поранешен службеник во Министерството за економија обвинет за кочанската трагедија. Ова на денешното рочиште го откри судијката Диана Груевска Илиевска која го опомена Камбери откако за ова добила известување од управата на затворот.

Камбери, кој е единствен што освен за главното кривично дело тешки дела против општата сигурност е обвинет и за поткуп при издавањето на лиценцата за „Пулс“, рече дека телефоните ги нашол во ќелијата.

Во исчекување обвинетите да кажат дали се чувствуваат виновни – Продолжува судењето за кочанската трагедија

Камбери доби опомена, но судијката рече дека за ова следуваат и санкции како самица и други мерки што може да ги преземе управата на затворот.

Обвинителството пак вели дека со оглед на тоа дека има повеќе вакви случаи, побара да не поминуваат само со опомени.

Во тек е третото рочиште за трагедијата во дискотеката „Пулс“ каде што загинаа 63 млади луѓе. Претставникот на агенцијата за обезбедување „Рубикон“ побара за фирмата која е обвинета во судскиот процес да биде определен претставник по службена должност. Оваа одлука била донесена непосредно пред рочиштето.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот