Синот на Аки Рахимовски во болка: Пред да замине ми рече да се чувам себеси и семејството

Аки РАхимовски и Кристијан Рахимовски

Пејачот Кристијан Рахимовски, син на прерано починатиот Аки Рахимовски кој изненадно замина на 67 години, скршен е од тага поради веста за заминувањето на музичката ѕвезда, првенствено негов татко.

Татко му му бил најголема животна потпора, а ужасната вест ја дознал кога му се јавила партнерката на Аки, Барбара.

Како што пренесуваат извори блиски до Кристијан, тие двајца се слушнале вечерта пред да му се слоши, како што и правеле секој ден. Немале претстава дека тоа ќе биде последен пат. Таа вечер уште еднаш Аки му повторил важна реченица на својот син, да внимава на себе и семејството додека трае пандемијата.

„Гледаш дека короната лудува, пази на здравјето, немој да пушиш, чувај се себеси и своите“ – му рекол Аки на синот Кристијан вечерта пред да замине.

Другиот ден бил на прошетка со сопругата и ќеркичката во близина на Ново Место, каде му се слошило и веднаш била повикана брза помош и одведен е во болница. Тој починал неколку часа потоа, а причината за смртта не е позната. Досега се огласи менаџерот со изјава дека можно е срцето да му било слабо, затоа што Аки имаше вградени шест стентови и претпре мозочен удар во 2018.

Почина пејачот на „Парни Ваљак“ Аки Рахимовски на 67 годишна возраст

Почина пејачот на „Парни Ваљак“ Аки Рахимовски на 67 годишна возраст

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот