Симовски за „Слободен печат“: Очекуваме Пендаровски скоро да го потпише указот за Законот за попис

Очекувам претседателот Пендаровски да го потпише указот за Законот за попис, зашто секој час е значаен за на време да бидеме подготвени за спроведувањето на оваа статистичка операција во април, изјави директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски за „Слободен печат“.

– Се надевам дека ќе помине целата процедура околу овој закон. Очекувам дека ќе биде потпишан указот, бидејќи не сметам дека правните експерти би наишле на недоследности во законското решение – вели Симовски.

Претходно од Вила Водно информираа дека претседателот Пендаровски врши консултации со правни експерти за донесениот Закон за пописот и во наредните неколку денови ќе го соопшти својот став. Во меѓувреме, од ВМРО-ДПМНЕ го повикаа претседателот да излезе, како што велат, од сенката на Заев, и да не го потпишува указот.

Доколку законот сепак добие зелено светло од Пендаровски, опозиционерите најавуваат дека имаат механизми за да го спречат одржувањето на пописот.

Пендаровски се консултира со правни експерти за Законот за пописот

ВМРО-ДПМНЕ бара повлекување на законот за попис и целосен консензус

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот