9 C
Скопје

Силвана Миленкова: Ме радува што сè поголем број клиенти сами нè контактираат

Разговараме со Силвана Миленкова, сениор тим-менаџер во „Винер лајф“ со повеќегодишно искуство во продажбата на животно осигурување.

Колкава е потребата од животно осигурување во време на пандемија?

-Животното осигурување му е повеќе од потребно на секој човек и не само во време на пандемија. Иако  свесноста на луѓето се менува од година во година, сепак приоритетите се за мене чудни. Животот мора да е на прво место, па потоа сѐ останато.

Се разбира дека во ова време на пандемија работењето е отежнато, меѓутоа имаме јасно зацртани цели и за нас не постои опција освен тие цели да ги оствариме. Тука не мислам само на премијата, туку мислам и на едукација на населението за потребата и значењето од животното осигурување во глобала.

Прочитајте и...  ГАЛЕРИЈА: Скопје во осмомартовска атмосфера

Дали воведувате нови начини на интензивно мотивирање?

– За да се постигне профил на висока професионалност, потребна е сеопфатна обука и континуирана мотивација.

Компанијата „Винер лајф“ ги искористи овие ограничени услови за работа во време на коронавирусот и овозможи, покрај стручната надградба на вработените во областа на продажбата добиени од страна на компанијата, да инвестира континуирано и сериозно и во личниот раст и развој на вработените како побрзо и поспремно би се справиле со работата во вакви тешки услови. Континуираното инвестирање во луѓето, не само финансиски, туку и едукативно е нешто што нашата продажна мрежа ја држи стабилна, лојална, мотивирана и се разбира, успешна.

Денеска е многу тешко да се најдат извонредни продавачи, кои ја разбираат суштината на продажбата. Затоа „Винер лајф“ гради систем низ кој секој кој ја сака продажбата може да стане извонреден продавач. Тој систем континуирано се унапредува, а сѐ во интерес и на вработените, меѓутоа и на клиентите.

Прочитајте и...  Интересни факти за 8 Март, Денот на жената

Која е конкурентската предност на „Винер лајф“ во однос на останатите компании за животно осигурување на пазарот?

– Секоја компанија за животно осигурување има различни цели и стратегии. Не би ги коментирала останатите компании. Она што можам да го издвојам како главни карактеристики на „Винер лајф“ се квалитетот на услугата, транспарентноста во однос на условите за осигурување, професионалноста и еднаквата посветеност на нејзините вработени кон секој клиент, без оглед на неговиот општествен статус. Континуираниот контролиран раст на компанијата е доказ за правилната работа и стратегија. Унапредувањето на процесите на продажба согласно пазарот и условите во кои се одвива продажба е секако нешто што „Винер лајф“ како компанија ја подвлекува во однос на пазарот. Она што особено ме радува е што е сѐ поголем бројот на клиентите кои сами ја контактираат „Винер лајф“ со интерес за склучување на животно осигурување. Ова до пред 3-4 години беше целосно незамисливо, за последните две години тој број значително да се зголеми. Тоа е доказ дека она што е поставено како стратегија и приоритет е целосно препознаено од клиентите.

Прочитајте и...  Не фрлајте сѐ во ѓубре: Искористете ги и лушпата и семката од авокадото, еве како...

Поврзани вести

Познатите личности јавно ја поддржаа Меган Маркл по интервјуто: Со тебе сме!

Слободен печат

„Твитер“ ќе им го олесни животот на своите корисници: Еве како ќе изгледа новатa опција

Слободен Печат

Принцот Филип ќе остане во болница по операцијата на срцето

Слободен печат

Не фрлајте сѐ во ѓубре: Искористете ги и лушпата и семката од авокадото, еве како…

Слободен печат

Бенкси повторно провоцира: На ѕид од затвор нацрта затвореник во бегство

Слободен печат

ГАЛЕРИЈА: Скопје во осмомартовска атмосфера

Михаило Донев

Остави Коментар