Новогодишно обраќање на Претседателката во собрание 2025 година - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Новогодишно обраќање на Претседателката во собрание 2025 година - Фото Слободен печат - Методи Здравев

Македонските евроинтеграции бараат политичка волја и јасни гаранции од ЕУ, тврди претседателката

Македонските евроинтеграции се „школски пример за занемарување на демократијата“ и дека политичката волја е потребна не само од нашата страна, туку и од Европската унија, порача претседателката Гордана Сиљановска Давкова во годишното обраќање во Собранието.

Таа нагласи дека двојните стандарди создаваат нестабилност и дека македонските граѓани го поддржуваат членството во ЕУ, но се разочарани од одложувањата.

Сиљановска Давкова потенцираше дека без јасни гаранции од ЕУ и Бугарија, со евентуални дополнителни уставни промени, Македонија ризикува да се најде во „геополитички вакуум“. Таа повика на внимателно одмерување на секој чекор и на учење од соседните земји кои настапуваат едногласно за своите интереси.

Претседателката истакна и дека македонската страна веќе предложила повеќе излезни решенија за напредок во преговорите со ЕУ, и дека очекува унијата да избере едно или да понуди свое креативно решение, како што го направи за Украина и Молдавија.

Сиљановска Давкова, говори за актуелните случувања во изминатиот период, како и за очекувањата во следната година во внатрешната и надворешната политика, состојбата во економијата…

Ова е второ годишно обраќање на Сиљановска-Давкова пред пратениците од преземањето на претседателската функција во мај 2024 година, кога стана прва жена шеф на македонската држава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот