фото: Земјотрес, магнитуда

Силен земјотрес во Хрватска —„Експлозија и потрес под нозете“

Земјотрес утрово ја погоди централна Хрватска, во близина на Сисак, покажуваат податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, (EMСЦ).

Според прелиминарните податоци од EМСЦ, земјотресот со магнитуда од 4,1 степени се случил во 9:51 часот по локално време, пренесе ХРТ.

Епицентарот бил 56 километри југоисточно од Загреб и 10 километри јужно од Сисак, на длабочина од девет километри.

Граѓаните пријавиле во ЕМСЦ дека земјотресот е почувствуван на неколку локации.

„Баш се тресе, само не знам колку ќе издржи куќата“, „Силен удар. Добро стресе, а пред десет минути нешто експлодираше како бомба“, „Силна експлозија и потрес под нозете“, „Се слушна многу гласно тресење на целата куќа, можеше да се чуе како удираат плакарите и прозорците“, „Нема шанси да беше 3.0, целата наша куќа се тресеше“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.

Ова е новиот земјотрес регистриран во Хрватска, откако пред два дена се тресеа и области во Далмација.

Сеизмолошката служба при Геофизички оддел на Српската академија на науките во Загреб извести дека умерено силен земјотрес со епицентар во близина на Свилаја, 15 километри северозападно од Сињ, е регистриран во понеделник во 17:25 часот.

Магнитудата била 3,7 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот бил од IV-V степени според EMS скалата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот