Сикошек Пелко не е повеќе играч на Вардар

facebook.com/ihf.info/

Според најавите овој играч од следната сезона ќе ги брани боите на шпанскиот клуб Логроњо Ла Риоха.

Уште еден ракометар се раздели со екипата на Вардар, интернационалецот од Словенија, Домен Сикошек Пелко.

Според најавите овој играч од следната сезона ќе ги брани боите на шпанскиот клуб Логроњо Ла Риоха.

Скопје, ти благодарам за сè. Беше чест да се игра за голем клуб. Се надевам дека ќе се вратам еден ден. Имам многу спомени. Најдобрите навивачи во Европа – напиша Сикошек Пелко на Фејсбук.

Претходно „црвено-црниот“ дрес го напуштија Калифа Гедбан (Адемар Леон), Артурс Кугис, Сергеј Горбок, Сташ Скубе и Данил Шишкарев.

Се најавува доаѓање на францускиот голман Робин Кантегрел, рускиот лев бек Дмитри Санталов, левиот бек на македонската репрезентација Филип Талески и десниот бек Томислав Јагуриновски.

И натаму со тимот на Алушовски се поврзуваат имињата на Ненад Костески, Гоце Георгиевски, Гашпер Храстник, Анхел Фернаден, Еивинг Танген, Лус Стејнс, Мигел Мартинс, Филип Чурлевски, Артсјом Кулак..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот