Сигурен сум дека Меси ќе ја заврши кариерата во Барселона

twitter.com/thesemilore

Тренерот на каталонскиот клуб нема дилеми околу најдобриот фудбалер, Лионел Меси и неговата иднина на „Камп Ноу“.

Барселона од почетокот на годинава е во центарот на шпанската јавност но не поради игрите на екипата туку поради матните „игри“ на управата.

Честите скандали кои ги прави управата предводена од претседателот Хосеп Мариа Бертомеу и спортскиот директор Ерик Абидал, го натераа најдобриот фудбалер на екипата, Лионел Меси, да не брза со потпоишувањето на новиот договор.

Еден од скандалите кои излегоа во јавноста беше дека Бертомеу ја ангажирал компанијата „I3Venture“ за да ги уредува профилите на Барселона на социјалните мрежи, но и дека преку лажни профили по налког на Бертомеу бил оцрнуван Меси бидејќи не сакал да потпише нов договор.

Минатата недела проструи вест дека Интер е сериозно заинтересиран да го ангажира Меси, но подоцна самиот фудбалер ги демантираше овие написи.

Ваквите работи се случуваат во големите екипи, тажно е што се е направено преку медиумите. Би било подобро доколку тие прооблеми се решаваат зад затворени врати. Не мислам дека тоа што се случуваше во изминатиот период ќе го натера Меси или некој друг да си заминат од Барселона. Сигурен сум дека Лео ќе ја заврши кариерата на „Камп Ноу“ – вели тренерот на Барселона, Кике Сетиен кој смета дека сезоната мора да се доигра, а не неговиот тим титулата во Ла Лига да ја добие на зелената маса.

Сакам да играме, да ја завршиме сезоната и да ја освоиме титулата. Сепак, состојкбата е таква каква што е и не знам дали е вредно да ја завршиме сезоната. Нема да се чувствувам како шампион во тој случај бидејќи имаме само два бода предност пред Реал Мадрид. Сакал титулата да ја заработиме на теренот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот