Сиена Милер на 41 година е бремена: Очекува дете со 15 години помладиот партнер

Фото: EPA

Актерката Сиена Милер (41) е бремена и го очекува своето второ дете, со нејзиниот 15 години помлад партнер Оли Грин (26), пишува „Пипл“.

Моментално парот ужива во одморот на Ибица, а папараците успеале да го фотографираат трудничкиот стомак на Сиена. Меѓутоа, актерката сè уште не ја потврдила среќната вест во медиумите.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Сиена го поминала времето уживајќи на плажа, облечена во минијатурно, кафено бикини, кое дополнително го истакнало нејзинот стомак.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Инаку, гласините дека Сиена и Оли сe во врска започнaа во февруари минатата година, кога биле видени заедно во Њујорк. Тие ја потврдија својата романса, по оддржувањето на филмските награди „БАФТА“.

Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

За актерката ова ќе биде второ дете, таа веќе е мајка на ќерката Марлоу (11), која ја има со Том Стариџ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот