Сибирскиот шаман кој тврдеше дека Путин е „демон“ е осуден на психијатриско лекување

Рускиот претседател Владимир Путин упатува поздрав од говорница / Фото: EPA-EFE/SERGEI GUNEYEV / SPUTNIK/ KREMLIN POOL

Рускиот суд го осуди сибирскиот шаман, критичарот на претседателот Владимир Путин, на присилено психијатриско лекување, бидејќи наводно, тој нападнал припадник на руската Национална гарда, рекол неговиот адвокат, пренесе Индекс.хр.

Александер Габишев го привлече вниманието на медиумите кога во 2019 години пеш тргна да помине 8.000 километри пат до Москва за да го протера Путин, кого го нарече „демон“.

Габишев неколку пати тргна на својата мисија, но секој пат беше спречуван од полицијата и враќан во Јакутск, неговиот роден град во источен Сибир.

Кога во јануари најави дека повторно ќе тргне кон Москва, тој бил уапсен во својот дом и притоа наводно нападнал член на гардата кој сакал да го уапси.

Судот во Јакутск во понеделникот го осуди Габишев на присилено лекување во психијатриска установа, рекол неговиот адвокат Алексеј Пријанишиков.

„Тоа значи дека ќе го држат во затворски услови“, рекол адвокатот и додал дека траењето на лекувањето ќе го одредат докторите.

Активистите велат дека Русија продолжи со праксата од советските времиња, кога политичките дисиденти биле испраќани во психијатриски установи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот