Шведски фудбалер ќе биде избркан од Макаби затоа што одбил да држи натпис за ослободување на израелските заложници?

Фото: EPA-EFE/PETER KLAUNZER

Шведскиот фудбалер Даниел Андреас Сундгрен кој го носи дресот на Макаби Хаифа е во голем проблем откако одби да држи натпис со повик за ослободување на израелските затвореници.

Сундгрен кој има 33 години е еден од најважните фудбалери на Макаби, но неговата иднина во овој клуб сега е доведена во прашање.

Израелскиот министер за национална безбедност, Итмар Бен-Гвир вчера и официјално побара од министерот за внатрешни работи Мош Арбел на Сундгрен и уште неколку фудбалери кои одбија да држат таков натпис да им се одземе работната дозвола. Со евентуалното одземање на дозволата тие би немале право да настапуваат за Макаби.

Изралеците сметаат дека таквиот потег е „понижување за израелските заложници“. Засега министерот за внатрешни работи не реагирал со одземање на работните дозволи, меѓутоа зборовите на првиот човек на Макаби Итзик Овадио најавуваат дека тој повеќе нема да биде член на клубот.

„Сите кои не се сочувствуваат со болката на Израелците нема да бидат членови на клубот“, изјави Овадио.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот