Шведска ќе обучува гаврани за да ги чистат улиците од отпушоци

Гавран, илустрација/ Фото Anton Denisov / Sputnik / Profimedia

Уличните гаврани во Шведска ќе бидат обучувани за да ги собираат отпушоците од цигарите по улиците на шведските градови.

Птиците ќе бидат обучувани на тој начин што ќе бидат наградени со малку храна за секој отпушок што ќе го најдат, пишува Гардијан.

Ваквиот потег започнува од една компанија во Седертаље, во близина на Стокхолм.

„Овие улични птици ќе помогнат за хигиената во градот“ вели Кристијан Гантер-Хансен, основач на Корвид Клининг, компанијата која го започна овој проект.

Според податоците на компанијата, повеќе од еден милион отпушоци се фрлаат на улиците низ Шведска годишно, што предизвикува 62% од загадувањето. Градот Седетаље троши 1.6 милиони фунти чистејќи ги улиците годишне.

Според истражувањата, гавраните можат да бидат најлесно обучени, а тие се еднакво добри во послушноста како седумгодишно дете, што ги прави најпаметните птици во светот.

Томас Тернстром, кој се грижи за чистотата во градот Седетаље, вели дека ваквиот план би можел да биде одличен од финансиски аспект.

„Ќе биде доста интересно да видиме како ќе се одвиваат настаните. Со ваков потег ќе се заштити многу од финансиска гледна точка, нема да има потреба да трошиме пари на машини и на луѓе кои ќе ги чистат улиците“ вели тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот