Шведска ја назначи првата трансродова министерка

Лина Акселсон Килблом
Новата министерка за образование на Шведска, Лина Акселсон Килблом/ Фото EPA-EFE/SOREN ANDERSSON SWEDEN OUT

Новата шведска министерка за образование, Лина Акселсон Килблом, е првата трансродова личност која стана министерка во оваа нордиска земја, една година откако Белгија го назначи првиот заменик-премиер за трансродови луѓе во Европа, пренесува шведската СВТ.

Килблом (51), поранешна директорка на училиште и адвокатка, е назначена за министерка во новата социјалдемократска влада на премиерката Магдалена Андресон, која денеска и официјално стана првата жена на чело на владата во Шведска.

Во книгата „Дали ќе ме сакаш сега? Килблом раскажала како во текото на момче пораснала во девојка и на 25 години решила да го промени полот.

Трансродовите лица , вели таа, „отсекогаш постоеле, постојат и денеска и ние веќе не се срамиме”.

Ние сме новата нормала, изјави таа за јавната телевизија СВТ во 2018 година.

Килблом е разведена и мајка на две посвоени деца. Таа ќе биде одговорна за основните и средните училишта, а министерката за образование Ана Екстром ќе биде задолжена за високото образование

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот