Шведска е првиот ривал на македонските ракометарки на Европското првенство 2024
Денеска македонската женска сениорска ракометна репрезентација ќе го стартува своето учество на Европското првенство кое ќе се организира од 28 ноември до 15 декември 2024 година во Австрија, Унгарија и Швајцарија.
Препорачано
Нашата репрезентација предводена од селекторот Кристијан Грчевски е во групата А која ќе се игра во унгарскиот град Дебрецин.
Прв ривал на најдобрите македонски ракометарки во прелиминарната фаза на ЕП е селекцијата на Шведска од 20.30 часот во „Фоникс Арена“. Во вториот меч од нашата група од 18.00 часот Унгарија ќе игра против Турција.
Составот на Македонија: Нестороска, Коларовска, Џатевска, Јанкуловска, Дукоска, Ѓорѓиевска, Младеновска, Диневска, Кипријановска, Седлоска, Арсениевска, Ристовска, Стефаноска, Маџовска, Саздовска, Дамјаноска.
Два дена подоцна ќе го играме мечот од второто коло од 20.30 часот против Турција, а на 2 декември од 18.00 часот противник ќе ни биде Унгарија.
Првопласираните две репрезентации од секоја група ќе обезбеди пласман во главната фаза од натпреварувањето.


