Швед бил претепан од бесни обложувачи кои изгубиле пари на ЦСКА

Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Неодамна по елиминацијата на ЦСКА Москва од тимот на Локомотив Кубан во плеј-офот на ВТБ лигата претепан беше еден од најдобрите кошаркари на овој тим Алексеј Швед.

Швед беше претепан пред ресторан и тоа во друштво на неговата сопруга. Сега за првпат за руските медиуми тој го објасни инцидентот, напаѓачите биле бесни обложувачи кои изгубиле пари играјќи на ЦСКА.

„Момците се обложиле на ЦСКА Москва и изгубиле многу пари. Во тие моменти јас бев со мојата сопруга, тие не опколија и почнаа прво да нѐ навредуваат, а потоа бевме изнесени надвор од ресторанот и мене физички ме нападнаа.

Не сакав да влегувам во физичка пресметка и ѝ реков на сопругата да си одиме, но тогаш почнаа да ме удираат. Паднав и се здобив со тешки повреди, сега ситуацијата е подобро и се опоравувам“, изјави Швед.

ВИДЕО | Се појави снимка од претепувањето на рускиот кошаркар Алексеј Швед

Емил Рајковиќ го посети претепаниот Швед во болницата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот