ВИДЕО | Се појави снимка од претепувањето на рускиот кошаркар Алексеј Швед

Фото: Screenshot

Рускиот кошаркар, Алексеј Швед заврши во болница откако бил претепан од хулигани по поразот од Локомотив Кубан во полуфиналето на ВТБ лигата.

Според информациите од Русија, Швед има скршеница на черепот и имал среќа што го преживеал нападот. ИНцидентот претходно го потврди тимот на македонскиот стратег Емил Рајковиќ, а сега на социјалните мрежи се појави и видео од тепачката која се случила пред еден ресторан во Москва.

Швед прво се скарал со насилниците внатре во ресторанот каде што бил на вечера, за потоа да биде нападнат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот