Шумски пожар кај Анталија, хотелите немаат вода и струја, во тек евакуација

пожар амазон
Фото: EPA-EFE/Joedson Alves

Шумски пожар избувна денеска околу пладне во близина на Анталија во градот Сиде.

Пожарот избувна во шума недалеку од Анталија. Поради близината на туристичките места, во хотелите нема струја и вода.
Како што пренесуваат медиумите, две села се целосно изгорени, а евакуацијата на населението е во тек.

Сè уште не е познато дали има жртви.

Ветерот го носи пламенот и огнот се шири, иако пожарникарите се обидуваат да го изгаснат пожарот со хеликоптери. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот