Што зборува крвната група за вас: Нулта групата сакаат да се центар на вниманието, а А се срамежливи

Фото: Alamy/Profimedia

Крвната група според некои истражувања, игра голема улога во карактерот на човекот. Па, да видиме што кажува секоја крвна група за одреден тип луѓе.

Крвна група О

Овие луѓе се многу отворени и комуникативни. Иницијатори, вечни трагачи по акција и не секогаш завршуваат она што започнале. Креативни се и популарни помеѓу своите пријатели, а често сакаат да се во центарот на вниманието и се доста самоуверени.

Но, за нив се вели дека се доста немилосрдни и арогантни кога сакаат да бидат. Добри страни на луѓето со нулта крвна група се нивната атлетска физичка способност, природното лидерство и амбиција.

Познати родени со нулта крвна група: Ал Капоне, Роналд Реган, Елизабета Втора, Џон Ленон, Пол Њумен.

Крвна група А

Надворешно делуваат мирни, а всушност во нив често се случува торнадо. Имаат високи стандарди за комуникација со луѓе и делуваат како да се перфекционисти. Најмногу ги бива за уметност. Можат да бидат драстично срамежливи и осетливи, а одредени припадници на оваа група се добри јавни говорници.

Нив ги краси особено трпение, но истовремено најлоша особина им е опсесивноста, тврдоглавоста и напнатоста.

Познати родени со крвна група А: Џорџ Буш, Бритни Спирс, Адолф Хитлер, Рик Џејмс

Крвна група Б

Ова се доста одлучни луѓе, свртени кон своите цели. Кога нешто почнуваат, завршуваат. Индивидуални, борци и секогаш стојат зад она што го кажале.

Освен што се креативни и страствени, овие луѓе се доста флексибилни. Но, истовремено можат да бидат неодговорни, заборавени и егоцентрици.

Познати родени со крвна група Б : Акира Куросава, Џек Николсон, Лучиано Павароти, Пол Макартни

Крвна група АБ

Родените со ваква крвна група имаат поделени особини. Можат да бидат срамежливи, но сигурни во себе. Премногу се одговорни и сакаат да помагаат. Овие луѓе се контролираат себеси умешно, и често се емпати и филантропи. Но, најчесто делуваат дистанцирано и неодлучно.

Познати родени со крвна група АБ: Џон Кенеди, Мерлин Монро, Мик Џегер; Томас Едисон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот