Што сè треба да содржи вашата ПАТНА АПТЕКА кога одите на одмор?

лекови

Најдобро би било кога не би ви требал никаков лек додека сте на одмор, но паметно е да не ризикувате какви било тегоби да ви го расипат престојот.

Поради тоа, потребно е со себе да понесете одредени лекови. Никогаш не тргнувајте на пат неспремни, дури и ако патувате во туристичко место во Македонија.

Пред сè, потребно е да имате средство за дезинфекција на рани, гази, завој и фластер. Исто така, носете парацетамол и бруфен, бидејќи може да се случи покачена температура или главоболка, а многу туристички места немаат дежурни аптеки.

Потоа, потребно е да имате антихистаминик, за итни случаи при појава на алергија, како таблетки, така и креми или маст за надворешна употреба. Против стомачни тегоби добро е да имате пробиотици и активен јаглен, особено доколку патувате некаде каде локалната храна е многу поразлична од домашната.

Сите лекови чувајте ги во посебна торбичка, уште подобро доколку е термоизолирана, за топлината да не го намали нивното дејство. Чувајте ги сите лекови во оригиналните амбалажи.

Доколку сте хронично болни, консултирајте се со вашиот лекар на кој начин ќе ја земате терапијата додека сте на одмор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот