Што се случува со вашето тело кога секој ден пиете вода со лимон?

unsplash

Лекарите препорачуваат дека на просечен маж му требаат 3,7 литри вода на ден, а на просечна жена околу 2,7 литри. Но, некои луѓе може да имаат потешкотии во исполнувањето на оваа цел. Да, навистина звучи како многу вода што треба да се испие во еден ден, и таквата „обврска“ може да стане малку досадна, да бидеме искрени.

За да ги исполнат своите цели со доволен внес на вода, многу луѓе посегнуваат кон ароматизирана вода, со цел малку да ја „зачинат“ нивната хидратација. Но, водата со вкус, купена во продавници може да содржи адитиви, да биде скапа и да се продава во пластични шишиња кои не се воопшто еколошки.

За среќа, постои лесен начин сами да си ароматизирате вода дома, а тоа е со додавање сок од лимон. Бидејќи конструкцијата е многу едноставна – само вода и малку сок од лимон, некои може да помислат дека нема особено забележително влијание врз организмот, но не е така.

unsplash

Започнете го денот со природен витамин Ц

Лимоните немаат толку витамин Ц како портокалите, но тие сепак се агруми (општ назив за јужното овошје со киселкав вкус и својствен мирис), и како сите агруми, содржат витамин Ц.

Додавањето на лимон во вашата вода секако, го зголемува внесот на витамин Ц. А сите знаеме дека витаминот Ц го зајакнува имунитетот и се бори против оштетувањето на клетките од слободните радикали. Овој витамин исто така може да го намали крвниот притисок, да го намали ризикот од срцеви проблеми, да го намали нивото на холестерол и да ги намали шансите за мозочен удар.

Сокот од еден лимот содржи околу 19 милиграми витамин Ц. Препорачаната дневна доза за возрасни е од 65 до 90 милиграми, што значи дека додавањето на сок од еден лимон во вашата вода ќе сочинува некаде помеѓу 20% и 30% од препорачана дневна распределба.

unsplash

Научниците открија дека полифенолите (антиоксиданс) во лимоните значително го намалуваат и зголемувањето на телесната тежина. Една студија од 2011 година открила дека полифенолите „комуницираат“ со цревните бактерии и така го поттикнуваат слабеењето.

Истражувањата покажаа дека полифенолите исто така помагаат при зголемување на инсулинската резистенција и ги регулираат нивоата на гликоза во крвта. Овие се два важни фактори кои можат да се борат против развојот на дијабетес тип 2.

Лимонската киселина го намалува ризикот од создавање камен во бубрег

Иако се очекува дека едно од десет лица ќе развие камен во бубрег во текот на целиот живот, можеби ќе можете да ги намалите шансите за нивна појава со пиењето вода со лимон. Сокот од лимон содржи цитрат, кој промовира помалку кисела урина, па дури може да помогне и во распаѓање на мали камења во бубрезите пред да почнат да растат и да стануваат болни.

Хидратацијата е исто така императив за спречување на камењата во бубрезите, затоа пиењето вода со лимон ќе помогне и на тој „фронт“.

unsplash

Лимоните се многу добри за вас и навистина постојат еден тон одлични причини зошто треба да ги додадете во вашето секојдневие. Но, како и сè во животот, и лимоните имаат негативни ефекти.

Преголемиот внес на лимони може да предизвика ерозија на вашите заби или да го наруши вашиот дигестивен тракт. Цитрусните овошја и лимоните се познат предизвикувач на мигрена за многу луѓе, затоа внимавајте и бидете умерени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот