ШТО СЕ СЛУЧУВА НА СЕТ НА 18+ ФИЛМ? Измамени сме, татко ми не може да ме погледне

секси

Една продукција за филмови за возрасни, која е партнер на сервисот Порнхаб, наводно, ги злоупотребила актерките и ги лажела за тоа каде завршуваат нивните снимки.

Дваесет и две жени ја тужеле компанијата „Girls Do Porn“ за измама и нанесена душевна болка. Тие наводно, ги лажеле актерките дека нивните снимки се наменети за ограничена публика, за потоа да бидат дистрибуирани на Порнхаб. Некои од нив првпат снимале вакви филмови.

„Додека одев на договореното место, ми беше кажано дека се работи за продукт кој ќе биде наменет за подалечна земја“, изјавила една од оштетените.

„Кога снимката беше објавена, паднав во депресија, се шегуваа со мене, ме озборуваа, а татко ми не можеше да ме погледне. Некои роднини и понатаму не зборуваат со мене“, изјавила таа за магазинот Вајс.

Од продукцијата и понатаму се без коментар. Во нивните снимки има вкупно 400 жени, а само 22 одлучиле да поднесат пријава. Еден од адвокатите кој застапува неколку оштетени, изјавил дека повеќе од 100 жени дошле со иста приказна, но не се охрабриле да тужат.

Некои од жените и девојките, кои незнаејќи се нашле на популарниот Порнхаб веќе страдаат од депресија, биполарност и нагони за самоповредување. Една размислувала за самоубиство, откако била малтретирана од своите колеги на факултет. Размислува и да се отсели во друга држава.

Порнхаб, пак, велат дека немаат ништо со тоа, бидејќи тие склучуваат договори со продукциите, а не со актерите во филмовите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот