Што прави денеска: Павле Николовски, интернационален модел

Фото: Приватна архива

Манекенот и модел Павле Николовски веќе 10 години е присутен на македонската модна сцена, а покрај домашните успеси може да се пофали со големи интернационални кампањи за „Хуго Бос“, „Органик Шоп“, модни едиторијали за „Грација“, Урбан Магазин“, како и заштитно лице на брендот „Барбоса“. Николовски е еден од најуспешните македонски машки модели, познат и по големата моќ за трансформација, што е еден од предусловите за успешна модна кариера.

Инаку, Николовски најчесто го препознаваат по видеозаписот „Никогаш не вели никогаш“ на пејачката Антонија Гиговска.

Фото: Приватна архива

Атрактивниот Николовски ни долови како изгледа едно негово деноноќие.

„Константно се будам во 7 или 8 часот наутро и потребно ми е време за своето прво кафе да го испијам во потполна тишина и мир. Денот го стартувам со првото кафе – црно нес, кое го приготвувам со природен засладувач – стевија. После половина час си го подготвувам појадокот кој најчесто се состои од овесни снегулки со различни видови овошје каде што вклучувам различни видови семиња како чиа, лен, семки од тиква…

Фото: Приватна архива

Денот ми продолжува со задолжителниот тренинг каде што максимално се посветувам и уживам во дефинирање на мускулатурата.

Веднаш потоа ми започнуваат работните обврски при што секогаш се трудам да го дадам својот максимум. Денеска ми се јавија од мојата агенција („Моделс Ин“) и ми соопштија дека следниов период ќе треба да патувам за Белград каде што ќе имам фотографирање за еден нов проект. Секој нов ангажман за мене е огромно задоволство и уште поголема мотивација за градење на понатамошни успеси во мојата кариера.

Фото: Приватна архива

Вечерите обично ми се резервирани за дружење со моите блиски луѓе и пријатели и уживање во вкусот на омилените јадења.

Пред да заспијам одвојувам време за читање книги. Вечерва на моето читачко „мени“ е „Разговори со Бога“ од Нил Доналд Волш. Исто така, често знам да гледам подкаст од мотивациски видеа најчесто од Ана Бучевиќ. Секако, пред заспивање не го заборавам ритуалот за нега на лицето.“

Фото: Приватна архива

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот