Што прави денеска: Љубица Јаневска-Ивановска, ТВ-водителка

Љубица Јаневска-Ивановска/Фото: Приватна архива

Една од најубавите ТВ-презентерки во Македонија, Љубица Јаневска-Ивановска, повеќе од 13 години е дел од Канал 5, како презентерка на вести и водителка на утринската програма „Здраво Македонијо“. Речиси секојдневно ја гледаме на ТВ-екраните со различни теми, во различни изданија – секогаш убаво средена… Водителката ужива во својата професија, но и во улогата на мајчинството. Љубица заедно со сопругот Александaр ја имаат ќерката Нела, која има 7 и пол години.

Љубица ни раскажа како изгледа нејзиниот денешен ден, во пресрет на дочекот на Новата 2022 година.

Љубица Јаневска-Ивановска/Фото: Приватна архива

„И кога не сум на утринска програма, денот ми почнува рано. Со оглед на тоа што оваа недела одморам од појавување пред камера, па дозволено ми е еден час повеќе сон. Така, денеска денот ми почна во 6 часот. Прва обврска по будењето е гушкањето со ќерка ми Нела. Заеднички се подготвуваме, секоја за своите дневни обврски.

Љубица Јаневска-Ивановска/Фото: Приватна архива

Откако ќерка ми ќе ја однесам на училиште, стартуваат нервозите низ скопскиот сообраќаен метеж. Во Канал 5 сум пред 8 часот. Првото кафе го пијам пред компјутер додека разгледувам што има ново во земјава и светот. Почнувам со плановите за снимање на терен, монтажа на веќе снимените материјали, читање прилози во тонско студио и подготовки за наредната недела кога ќе бидам на програма во „Здраво Македонијо“. На работа сум некаде до 15 часот, а потоа, заедно со колегите од утринската редакција ќе се дружиме во еден скопски ресторан. Ќе морам да најдам време за да докупам уште неколку новогодишни подароци за најблиските, кои по традиција ги подарувам на луѓето што многу ги сакам.

Љубица Јаневска-Ивановска/Фото: Приватна архива

Предвечерието ми е резервирано за Нела. Заедно со сопругот ќе присуствуваме на последниот час од Школата што ја посетува за да видиме што научиле досега. Вечерните часови ги минувам дома со моето семејство. Вообичаено, ако не сме многу изморени гледаме филм, а бидејќи се последните денови од 2021 година, ги правиме и последните подготовки за дочекот на Новата година. Сè уште немаме дефинирано што ќе правиме и каде ќе бидеме за новогодишната ноќ, но сигурно е дека нема да ни недостига домашниот амбиент.“

Љубица Јаневска-Ивановска/Фото: Приватна архива

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот