Што прават членовите на кралското семејство кога ништо не прават?

Медиумите и светската јавност со големо внимание ги следат ангажманите на кралското семејство, но дали сте се запрашале што прават тие по цел ден кога всушност немаат никакви обврски?

Многумина можеби мислат дека тие зад затворени врати поминуваат часови на каучот, сурфајќи на интернет. Или можеби го испробуваат својот скапоцен накит, уживаат во вкусните оброци…

профимедиа

За жал, ништо од тоа не е точно. Еве што прават членовите на кралското семејство кога ништо не прават.

Нејзиното височество Кралицата Елизабета

профимедиа

Иако оваа година наполни 93 години, кралицата Елизабета и понатаму е вредна како пчела. Таа се буди секое утро околу 7:30 часот и свири гајда, а потоа ѝ се посветува на папирологијата. Своето слободно време го користи за пишување писма, организирајќи витешки собири, а потоа има состаноци со својот персонал и претставниците на дипломатијата, црквите, судот и војската.

Бидејќи кралицата мора да биде организирана, таа на секој му посветува по 20 минути од своето време, а потоа ги носи своите кучиња на прошетка.

Во раните вечерни часови, Елизабета ги проучува извештаите од парламентот, а секоја среда има јавен состанок со премиерот. Ужива во фотографирањето, токму како и војвотката од Кембриџ – Кејт Мидлтон.

Принц Чарлс

профимедиа

Можеби еден ден ќе се појават повеќе информации за слободното време на принцот. Она што сега го знаеме е дека тој е на чело на 13 добротворни организации како што е фондацијата “Принц Чарлс” и Британско-азискиот фонд.

Принцот е вљубеник во хортикултурата и и има напишано две книги за екологија.

Освен тоа, слика и акварели иако не добива најдобри критики за своите дела. Способно управува со своите пари и годишно издвојува по милион фунти за своите синови.

Принцот Вилијам

профимедиа

Откако ја напуштил својата хонорарна работа во воздухопловната амбулантна служба “East Anglian”, принцот Вилијам се фокусирал на родителските и кралските обврски.

Тој своевремено за “BBC” изјавил дека многу сериозно ги сфаќа своите должности и одговорноста кон семејството, како и дека сака да ги израсне своите деца во добри луѓе.

Во слободно време, принцот Вилијам обожува да скија.

Војвотката од Кембриџ – Кејт Мидлтон

профимедиа

Војвотката е мајка со полно работно време, но токму како и нејзиниот сопруг, во последно време презела повеќе кралски должности.

Кејт е вљубеник во фотографијата и е доживотен почесен член во престижното Кралско фотографско друштво кое го препознал нејзиниот талент и ентузијазам.

Пред две години, војвотката ги здружи силите со својот сопруг и принцот Хари за основање на “Heads Together”, здружение за ментално здравје кое се бори против стигмата за ментално заболените. Ова, без сомнеж ѝ одзема голем дел од нејзиното слободно време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот